Македонија

По четири дена болничко лекување Јанева се враќа во Шутка

Катица Јанева се враќа во Шутка. Нејзините адвокати откриваат дека веројатно утре таа ќе го заврши лекувањето во приватаната болница Жан Митрев. Екс шефицата на СЈО, четири дена е на болничко лекување за кое сама ги плаќа трошоците.

Дали Јанева ќе го продолжи престојот во затворската келија во Шутка зависи од Апелација и Кривичен. Неделава Апелација треба да одлучи  по барањето на Јанева да се брани од слобода со гаранција од три стана. А Кривичен треба да се изјасни по тоа на Русковска, која  со обвинителниот акт побара и продолжување на притворот за Јанева. Од Кривичен велат дека повеќе информации ќе имаат неделава.

На почеток