Македонија

Според Блумберг: Франција смета дека не треба да им се дава никаков датум за преговори на Северна Македонија и Албанија

Макрон се обидува да го забави проширувањето на ЕУ – удар за балканските аспирации. Франција инсистира дека блокот сè уште не е подготвен да разговара за можноста за прифаќање нови членки, покажуваат документи разменети меѓу дипломатските мисии во Брисел, до кои дошол Блумберг.

Иако повеќето земји-членки го поддржуваат барањето на Македонија и Албанија за почнување преговори за ЕУ, Франција и Холандија сакаат целосен ремонт на процесот на проширување пред да почнат преговорите со двете земји, објави мкд.мк

Никаков датум за формални преговори не треба да им се дава на Албанија и Северна Македонија пред ЕУ да го заврши овој ремонт на својата „методологија“, се вели во извештајот.

Текстот во целост на: мкд.мк

На почеток