Македонија

Пендаровски: „И името на државата го сменивме за да добиеме датум за преговори“

Претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за австрискиот весник „Пресе“ изјави дека не се надева на сигнал, туку очекува одлука за добивање на датум за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија.

,,И името на државата го сменивме заради тоа. Тоа не го направила досега ниту една држава“-изјавил Пендаровски за ,,Пресе“.

Пендаровски ѝ укажува на Унијата дека доколу се одложуваат пристапните преговори, ќе изгуби на кредибилитет и веродостојност.

На почеток