За јавноста
Томислав Кежаровски, денеска, официјално со материјален доказ за тегнење за рамо во мое возило ( видео снимка од видео надзор ), е пријавен за малтретирање со записник во полиција. Прекршочно. Мислев досега ќе се извини јавно, не се извини.
Пред две недели беше пријавен, тој и жена му, за сајбер закани во Секторот за интернет криминал и дигитална форензика – шест принт скринови од фб комуникација на нивни профили, со јавни закани, пред малтретирањето на јавна површина и по настанот. Кривично дело.
Морам да се заштитам, а ова е институционалниот начин.
Како МВР ќе постапи по ова, не знам.
Мое е да пријавам. Со материјални докази.
Јас не се служам со чаршиски муабети од типот ,,овој кажа она, тој кажа ова”. Тоа не важи во правна држава, ако се стремиме кон ЕУ и навиваме за тоа. Секој може да каже сешто, но тоа се муабети сретсело.
Јас им однесов материјален доказ.
А, само тоа на суд важи плус сведоци.
Се` друго е ,,чаршија” и не се зема во обзир. Напиша на Фејсбук, Јорданка Ивановска – Јоци.
https://www.facebook.com/joci.jocik/posts/10220039733163559