Американскиот професионален боксер Патрик Деј (27), почина само четири часа откако доживеа нокаут во 10-рунда од борбата против неговиот сонародник Чарлс Конвел.
Деј во моментот на падот силно удри со главата, а мечот бил прекинат. Тој најпрво доби третман во рингот, за на носилки да биде изнесен и веднаш да биде пренесен во болница каде итно беше опериран. Поради тешки повреди на мозокот, Патрик Деј беше ставен во вештачка кома, но за жал по четири дена почина.
Американецот е четвртиот боксер кој почина во 2019.
