нед. Ное 17th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Јанушев, Мисајловски и Андоновски се сетнаа со Раководителот на дивизијата за Западен Балкан во МНР на Германија

Денес, Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев заедно со Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и Советникот за меѓународна политика Стефан Андоновски, остварија средба со Раководителот на дивизијата за Западен Балкан во МНР на Германија – Сабине Стохр и Амбасадорот Томас Геберих.

На средбата беше пренесена загриженоста за состојбите со владеењето на правото, корупцијата и економијата во Република Македонија. Погрешните политики на Заев и СДСМ доведоа до недобивање на датум за избори, со што се нагласува потребата од промени. Се истакна и благодарноста за поддршката на Република Германија кон нашите евроатлантски интеграции.

Беше посочено дека ВМРО-ДПМНЕ останува фокусирано на контактите со граѓаните, се со цел нудење решенија на нивните проблеми.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close