Македонија

Кривична пријава за маж кој фрлајќи отпушок од цигара опожарил 20 хектари трева и шест хектари дабова и борова шума

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против А.Б.(57) од с.Смојмирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. На 03.09.2019 во атар на с.Мачево, беровско, на место викано „Крвавељ“, пријавениот фрлил отпушок од цигара, при што предизвикал пожар, во кој биле зафатени 20 хектари трева и шест хектари дабова и борова шума, со што нанел штета од 3.752.209 денари.

 

На почеток