Актуелно

СОНК не прифаќа 10% – ако не се договорат од 11 ти ноември генерален штрајк

Советот на синдикатот едногласно ја отфрли понудата од ресорното министерство, тие  не прифаќаат зголемување на платите за 10 % од април следната година. Бараат покачувањето да биде повисоко и наместо од април да важи од први јануари.  Ако во рок од 15 дена не бидат прифатени нивните барања на 11 ноември просветниот кадар  стапува на генерален штрајк, со прекин на наставата.

Од владата посочија дека се свесни дека платите во образованието се ниски но толку се капацитетите. Посочија дека повторно ќе разговараат со синдикатот.

На почеток