Свет

Мета за египетски „Ал – Ахрам“: Проектот „Голема Србија“ не успеа, а идејата за Голема Албанија е неможна

Албанскиот претседател, Илир Мета изјави дека проектот „Голема Србија“ не успеа и дека идејата за Голема Албанија исто така воопшто не е остварлива. – Жи вееме во комплицирано подрачје. Нема „етнички исчистена“ држава на Балканот.

  • Сите Албанци имаат заеднички проект. Тоа е обединување со Европа. Идејата за Голема Албанија не е ни најмалку можна. Проектот „Голема Србија“ не успеа. Живееме во заплеткан регион. На Балканот нема „етнички чисто“ место. Целосно лудо е да се зборуваме за експанзионистички проекти од овој аспект, изјави Мета.

Мета, меѓудругото, се задржа и на процесот на еврионтеграција, нагласувајќи дека албанските граѓани имаат еден заеднички проект, а тоа е нивно обединување во големото семејство на Евопската унија.

Додаде дека Европската унија сега не е во најдобра можна состојба, но оти реформите ќе помогнат во подобрување на процесот.

На почеток