Актуелно

(ВИДЕО) Огнената стихија во Калифонија не стивнува – Евакуирани уште 50 000 луѓе

Околу 50 000 луѓе вчера мораа да се евакуираат од областите северно од Сан Франциско во Калифорнија , каде се очекува силниот ветар уште повеќе да го разгори огнот што пустоши веќе неколку дена.

Британските медиуми пренесуваат дека пожарникарите го искористиле малото затишје во ветриштата за да можат да се справат со огнената стихија. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, вчера прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава . Пожарите што беснеат низ цела Калифорнија и во самиот Лос Анџелес зафатија површина од 1.700 хектари земјиште, уништувајќи околу 50 градби, додека уште околу 15.000 други објекти се загрозени од огнот.

 

На почеток