Актуелно

Во Сирија е убиен лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади

Претседателот Доналд Трамп денеска ќе има „важно обраќање“ најави портпаролот на Белата куќа Хоган Гидли, по извештаите дека американската војска спроведе рација врз локацијата на водачот на Исламската држава Абу Бакр ал-Багдади.

Конечната потврда се чека додека се во тек ДНК и биометриски анализи, рекле изворите за Си-ен-ен.

Се чини дека Багдади активирал самоубиствен елек за време на рацијата.

Рацијата била извршена од командоси за специјални операции, рекле изворите.

ЦИА помогнала во лоцирањето на водачот на ИСИС.

фото:Blic

На почеток