Корисниците од делови од скопските општини Чаир, Гази Баба, Ѓорче Петров и Центар денес ќе бидат без електрична енергија, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од 8.30 до 12.00 часот, на улицата „Серава” и дел од улицата „Џон Кенеди” ќе има прекин на електрична енергија, додека во населба Синѓелиќ, од 10.00 до 12.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „Сава Ковачевиќ”.
Во Општина Ѓорче Петров, од 9.00 до 15.30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Ѓорче Петров” и во период од 9.30 до 14.00 часот на дел од улиците „Борис Серафов” и „Крсто Раковски”, како и дел од булеварот „Партизански одреди” – делот кон „ЈСП – Скопје”, ќе има преки на електричната енергија.
Од 10.30 до 13.00 часот ќе има прекин на електричната енергија на дел од улиците „Козара” и „Шарски одред” во Општина Центар.