Скопје

Четири лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои четири сообраќaјни незгоди со телесни повреди и пет со материјална штета.

„Во сообраќајните незгоди четири лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 20 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени девет возачи од кои: осум возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач бил возач-почетник. Исто така исклучени од сообраќај се и 15 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се 11 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци и тројца поради неправилно престројување. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување на коловоз вон пешачки премин и седум пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 97 мандатни платни налози и 69 возила се подигнати со специјално возило “пајак”“, информираат од МВР

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток