Актуелно

СВР Скопје од сообраќај се исклучени 95 возачи и 99 возила подигна со специјално возило „пајак“

Во текот на 25, 26 и 27.10.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 76 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 95 возачи, од кои: 49 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 39 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и седум возачи – почетници, кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 38 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се осум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, седум возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради неправилно престројување, три возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, пет возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, три возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и осум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 141 мандатен платен налог, а 99 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

На почеток