Македонија

Рускосвска: Имаме одредени сознанија за бегството на Никола Груевски, но немаме докази

Вилма Русковска, шефицата на организираниот криминал во синоќешното гостување во 24 Отворено, зборуваше отворено за случајот и го објаснуваше предметот „Рекет“ но и за бегството на Никоа Груевски.

Обвинителката Вилма Русковска синоќа  во интервју за Тв 24 изјави дека немаат докази за тоа кој му помогнал на екс премиерот Никола Груевски да избега од Македонија. Според неа клучните докази не ги добиле од Албанија.

-Имаме одредени сознанија за бегството, но немаме докази. А сознанија без докази не можам да ги изнесам во јавност. Клучните докази кои ни беа потребни од Албанија не ги добивме. Другото со што располагаме се само сознанија и индиции. Ние испитувавме дали тие пропусти се направени како резулатат на кривично дело. Ние не успеавме да докажеме, бар до сега, дека било кој сторил кривично дело за бегството на Груевски, рече Русковска.

 

На почеток