Македонија

(Фото) Распишана и меѓународна потерница за убиецот на Нешковски, Игор Спасов

Полицијата не го пронајде во земјава побегнатиот затвореник Игор Спасов. Неуспешно завршила 24 часовната потрага по Спасов низ државата, па полицијата распиша меѓународна потерница. Спасов кој е осуден за убиството на Мартин Нешковски, со дозвола од штипскиот суд е на слобода од август лани. Казната му била прекината заради здравствени причини, со препорака за лекување во болницата во Штип.

Прекинот траел до 18 октомври кога Спасов требал да се врати во Идризово. Според судот во Штип, затвореникот имал обврска да приложува документи од лекувањето – тоа требал да го стори и минатиот месец.

 

На почеток