Македонија

Најмладиот пациент со депресија во Македонија има само 7 години

Се помали се децата кои имаат симптоми и знаци на депресија, односно кај кои се јавуваат депресивни манифестации, предупредуваат детските психолози и психотеравпевти, пишува  Мета.

Само седум години има најмладиот пациент со кој работи психологот Катина Павлоска во Центарот за ментално здравје на деца и младинци.

Во Македонија не се води точна евиденција конкретно за оваа патологија. Според податоците на Светската здравствена организација пак, во светот, од 10 до 20 отсто од децата и адолесцентите икусуваат ментални растројства. Половина од менталните болести започнуваат од четиринаесетгодишна возраст. Невропсихијатриските состојби се водечки кај младата популација во сите региони во светот.

текстот во целост на на МЕТА.МК.

фото: Архива

На почеток