Македонија

Мицкоски: Додека ветуваат ограбуваат, набавија тендер и фирми и дадоа 24 дена стара фирма за да може 10.000 евра да книжи за 15 минути

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја продолжи акцијата Разговори за обнова на Македонија и оствари средба со жителите на општина Вевчани.

Пред присутните Мицкоски потенцираше дека ветувањата на СДСМ и Зоран Заев дека ќе ги вратат младите во Македонија со таканаречениот план за живот не се остварени.

Јас разговарав со моите студенти што планираат понатаму во животот по дипломирањето, дали својата иднина ја гледаат тука, во Македонија, дали мислат дека е правично ова што денеска се случува. Најголемиот дел од нив својата иднина, за жал, не ја гледаат тука. Никогаш не била поголема миграцијата, денеска не се пусти селата, денеска и градовите се пусти“, истакна Мицкоски.

Додека ветуваат ограбуваат, набавија тендер и фирми и дадоа 24 дена стара фирма за да може 10.000 евра да книжи за 15 минути. Епа фалкон млазен авион да изнајмат 3.000 евра се плаќа на саат. Ние за 15 минути на некои со 24 дена стара компанија ќе ѝго полниме џебот, всушност им го полниме џебот на оние од врхушката на власт. Ете тоа е она коешто денеска ни се нуди, грабеж на голема сцена, покрај слугувањето, покрај националното понижување, покрај подредената кичма. Се краде од хигиеничар до министер, секој денеска си го бара своето. Зошто? Затоа што гледаат од првиот, ако првиот е по тој спорт сите надоле мислат дека така треба“, нагласи Мицкоски.

Тој додаде дека политика по принципот „мало сутра” не поминува, а народот не му верува на Заев затоа што сè што вети сè излажа.

И не престанува тука, продолжува да ветува и да не ја говори вистината. Остана уште бесмртност да вети, но и за тоа ќе излаже. Тоа покажува дека имаме трул систем. Дека имаме арамии на власт чија одговорност мора да се покрене како прашање, и да има правда за секого. Без оглед дали некој е опозиција или власт. Мораме да ставиме крај на примитивизмот во политиката, на арамилукот, како оној денешен скандал каде формирале фирма за набавка на хелихоптери, набавија тендер и фирми и дадоа 24 дена стара фирма за да може 10.000 евра да книжи за 15 минути. Епа фалком млазен авион да изнајмат 3000 евра се плаќа на саат. Ние за 15 минути на некои со 24 дена стара компанија ќе му го полниме џебот, всушност му го полниме џебот на оние од врхушката на власт. И замислете таа фирма си го добила пред 24 дена истото име како што е името и на проектот, само додале ДООЕЛ. 500.000 милиони евра сакаат да фрлат во неповрат. Да не ги погребаат провизиите и да фатат ниџум. Ете тоа е она кое што денеска ни се нуди, пљачка на голема неотворена сцена, крај слугувањето, покрај националното понижување, покрај слугувањето, покрај подредената кичма, ние денеска имаме плачка на отворена сцена во секој пора на општеството без разлика дали е локална или централна власт. Се краде од хигиеничар до министер, секој денеска си го бара своето, зошто, а зошто да прашате, затоа што гледаат од првиот, ако првиот е по тој спорт сите надоле мислат дека така треба. И коренот на овој арамилук доаѓа следејќи го примерот од првиот човек, а првиот човек е заглавен до гуша во криминал, за кого поважен е законот за марихуана од европската перспектива на Македонија. Сето ова ќе го поразиме и се гледа крајот, а почетокот после тој крај е обнова на Македонија, земја на правда, сигурност и економски развој, порача Мицкоски.

Тој на средбата во Вевчани додаде дека многу наскоро доаѓа обнова на Македонија и како што рече, оваа политичка и економска катастрофа ќе заврши на 12 април кога се закажани предвремените парламентарни избори.

На почеток