Македонија

Антикорупциската комисија: Мерко да се гони кривично за нетранспарентно трошење општински пари

Антикорупциската комисија покрена иницијатива за кривична постапка против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, бидејќи имаат сознанија дека работел спротивно на законите и јавниот интерес.

Според Комисијата, Мерко е осомничен дека ги трошел парите на општината на нетранспарентен начин. Забелешките доаѓаат по  ревизорските извештаи во кои се забележани неправилности. Антикорупциската комисија ќе ги побара од Државниот завод за ревизија сите извештаи што се однесуваат на функционирањето на општината во последните 5 години.

На почеток