Бизнисменот Орце Камчев пред неколку моменти со комби беше донесен во Кривичниот суд во Скопје. Возилото влезе директно во гаражите и тој не се појави во јавноста, известуваат репортерите на Алсат.
АЛСАТ М објави видео од спроведувањето на Орце Камчев во судот.
Претходно попладнево и дел од другите осомничени во случајот на СЈО, „Империја“, беа изведени на распит пред судија на претходна постапка.
Во текот на вечерва судијата треба да изврши распит по што ќе следува одлука дали ќе ги испрати во притвор или ќе им одреди мерка на претпазливост.
Во оваа истрага на Катица Јаневао сомничени се тринаесет лица, а освен Камчев, меѓу нив е и поранешниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков. Предистрагата на СЈО покажала дека има основи да ги гони за неколку дела – злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба, како и измама и перење пари од периодот 2002 до 2013.