54-годишна жена, која во Бугарија на друга жена за 100 евра и ја купила ќерката, одговара пред судот во Германија, откако била обвинета дека во 2006-та година тогаш 15-годишна тинејџерка довела во Дортмунд и ја принудувала на проституција.
„Само плачев“, изјавила жртвата, која денес има 29 години, на почетокот на судењето пред Покраинскиот суд во Дортмунд.
Во обвинението е напишено дека е обвинета, исто така уште една Бугарка, која ја упатила жртвата во сексуалната пракса, за потоа да ја приморува да се проституира во јавна куќа во Дортмунд, ветувајќи ѝ награди.
Веднаш првата вечер тинејџерката имала осум клиенти, а според нејзините кажувања, не знаела што ја чека во Германија.
Се што заработувала мора да го предаде на својата мачителка, а кога во една прилика сокрила 80 евра во градник, добила ќотек. Не се осмелувала да избега, затоа што била премногу исплашена.