Македонија

Штрајкот на просветните работници ставен во мирување до конечната понуда од МОН

Штрајкот на просветните работници е ставен во мирување до конечната понуда од Министерството за образаование и наука, изјави денеска претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков.

Министерот за образование, Арбер Адеми, на денешната прес конференција најави дека резултатите од разговорите меѓу МОН и СОНК, во врска со покачување на платите на просветните работници ќе биде соопштена утре, најверојатно на заедничка прес конференција по претходна средба меѓу првите луѓе на синдикатот и ресорното министерство.

 

 

На почеток