Скопје

За 24 часа во Скопје издадени се 97 мандатни платни налози и 66 возила се подигнати со „пајак”.

Во текот на 07.11.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека осум возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 30 возачи, од кои: шест возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 20 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и четири возачи – почетници, кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 24 возила, бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, три возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 28 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 97 мандатни платни налози и 66 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

На почеток