Магазин

Пожар во близина на близина на Лос Анџелес, евакуирано студиото „Ворнер Брос“

Студиото на „Ворнер Брос“ во близина на Лос Анџелес е евакуирано откако избувнал пожар во негова близина, јавуваат американските медиуми. Опожарени се 34 хектари, соопшти пожарната служба во Лос Анџелес и додаде дека ниту еден објект не е изгорен или загрозен. Властите ги повикаа локалното население да остане во своите домови, но не беа издадени наредби за евакуација. Во гаснењето на пожарот учествуваа повеќе од 230 пожарникари, кои успеаја да спречат ширење на огнот.

фото: Pasadena Star-News

 

На почеток