Штетните ПМ честички наместо да завршат во воздухот и вашите бели дробови завршуваат во цилиндарот, изум на скопјанецот Пандо Петковски монтиран над печка за затоплување. Оваа сторија ја направи Телевизија Сител за скопјанецот кој со својот изум може да допринесе многу во борбата со загадениот воздух.
Машинскиот инженер испровоциран од се поголемото аерозагадување во земјава заедно со татко му пред 1 година почнале да прават уред кој ги собира не само опасните ПМ честички туку и сите канецерогени материи што излегуваат од оџаците при согорување на цврсти горива, објави ТВ СИТЕЛ.
– Заедно решивме да направиме филтер кој нема да користи течност за неутрализација на штетните материи, односно ќе биде сув. Самиод уред се состои од факач на на ПМ честички и се одбиваат и се таложат во таложник кој потоа може да се исчисти. Уредот има смерник кој ги насочува гасовите добиени од согорувањето во филтер кој е составен од порозна бронза и активен јаглен, вели Пандо Петковски, машински инженер.
За изготвување на механизмот им била потребна многу мала инвестиција која може да си ја дозволи секое семејство. А се користат и помалку дрва за огрев.
– Многу е прост за правење. До аглите е. Секоја материја има свој агол на триење. Придобивките од овој филтер ги фаќа ПМ честичките, диоксините, фуранитеи бојни отрови.
Патентот на Петковски неодамна бил награден со бронзен медал на Саем во Тајван во конкуренција од над 1500 иновации.
По серијата на Телевизија СИТЕЛ, Фондот за иновации се заинтересира за пронајдокот на Петковски. Таткото и синот неделава ќе го претставаат нивниот изум пред надлежните во Фондот.
И министерот за животна средина Нуредини и градоначалникот на Скопје Шилегов лично ги поканија иноваторите да им го презентираат функционирањето на механизмот кој се состои од цилиндар за фаќање на ПМ честичките монтиран над печката и филтер над оџакот.
извор: ТВ СИТЕЛ