Македонија

Попоски: Одговорност за хаваријата мора да има. Како морална, така и законска! 

ОХИС е темпирана бомба. Дворот на фабриката како што слушнавме од медиумите е полн со опасен хемиски отпад. Да не пријавеа граѓаните дека се чувствува непријатна миризба и дека има штипење на очите, овој случај убедени сме дека ќе се заташкаше . Под притисок на јавноста надлежните излегоа и ни кажаа дека се е под контрола да не се грижиме. Но токму штурото соопштение од Инспекторатот за животна средина отвори уште поголеми сомнежи, истакна портпаролот на ГДУ- Дарко Попоски .

Макрадули преку фејсбук не смируваше дека немало никаква опасност, а Нуредини никаде го нема. И после сите случувања во овие неколку дена граѓаните со право се загрижени за своето здравје. Никој нема доверба во институциите, зошто сите се свесни дека грижата за здравјето на граѓаните е само напишана во партиските програми, а во реалноста власта
се грижи само за фотелјите и за својот џеб.

Надлежните не одговорија како фирма која не поседува дозвола за собирање и транспортирање опасен отпад е избрана на тендерот да го собира опасниот отпад од ОХИС. Дали воопшто имало тендер и елаборат? Никој не знае колку отров се излеа од ОХИС. Зошто оваа локација полна со опасен отпад не била под постојан надзор?

Одговорност за хаваријата мора да има. Како морална, така и законска! Нуредени не треба ниту ден повеќе да раководи со Министерството за животна средина. Заев треба веднаш да го разреши. Или ќе чека да се испотруеме сите?

Со што се не трујат, веројатно никогаш нема да дознаеме, но се дека во прашање се некави и нечии интереси, па дури и за сметка за здравјето на граѓаните на сите им е повеќе од јасно.

Бараме Обвинителството да го истражи овој случај и на јавноста да и ги соопшти сите детали. Граѓаните имаат право да ја знаат вистината, колкава концентрација на отрови има во воздухот? Кој е виновен? Кој не труе, истакна портпаролот на ГДУ- Дарко Попоски .

На почеток