Македонија

Од февруари повисоки плати за специјалистите, лекарите, медицинскиите сестри

Предизборно, Владата одлучи да ги покачи платите на здравстевните работници. Од фебрурари 25% повеќе на контото ќе добијат специјалистите, 15 отсто ќе добијат општите доктори, 10 проценти медицинскиите сестри, а пет проценти здравствените соработници.  Одлуката падна откако дел од синдикатите се заканија со штрајк доколку не им бидат остварени барањата за повисоки плати.

„Сега платата на лекар специјалист наставник или обичен специјалист во Клиничкиот центар, на хируршките клиники и на интерните клиники ќе достигне, но на некои и ќе надмине 100.000 денари. Просекот на платата на лекар специјалист во општите болници ќе биде некаде помеѓу 85 и 88 000 денари заедно со дежурствата и согласно бројот на дежурствата многу лесно може да достигне и до 100 000 денари . Со оваа мерка го враќаме достоинството на здравствените работници.“ – вели министерот Филипче.

фото: Архива

На почеток