Македонија

ВМРО ДПМНЕ на изборите ќе оди со нови имиња како носители, а разгледува и нови 500 можни кандидати за пратеници

Во општинските комитети на ВМРО ДПМНЕ во тек е анализа на можните кандидати за пратеници. Претседателот Христијан Мицкоски вели дека се разгледуваат имињата на 500 можни кандидати за пратеници и дека повеќето се нови лица.

  • Најголемиот дел можеби и сите ќе бидат лица кои до сега не биле носители на пратенички листи. Истото ќе биде и со составот на пратеничките листи. Најголемиот дел би биле луѓе кои досега не биле пратеници во рамки на парламентот на Република Македонија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ со нови имиња на кандидатските листи ќе атакува на победа на предвремените парламентарни избори на 12 Април.

Инаку Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ едногласно  го постави генералниот секретар Игор Јанушев за шеф на изборниот штаб.

Подготовките за 12 Април течат и во СДСМ и во албанскиот политички блок.

 

На почеток