Актуелно

Почина Бранко Лустиг, продуцентот на „Шиндлерова листа“

Најпознатиот хрватски филмски продуцент Бранко Лустиг, добитник на два Оскара, почина денес во Загреб на 87 години. Лустиг има добиено Златен глобуса и Оскар за „Шиндлерова листа“ во 1993 и „Гладијатор“ во 2000.Тој е добитник на два Оскара за филмовите „Шиндлеровата листа“ во 1993 година и „Гладијатор“ во 2000 година.

„Мојот број е A3317. Долг е патот од Аушвиц до оваа сцена. Умрените ми оставија аманет ако преживеам да кажам како беше”, рече Лустиг откако ја доби Наградата на Академијата во 1993 година за најдобар продуцент за „Шиндлеровата листа“.

За време на неговата кариера, тој доби и голем број на значајни меѓународни признанија, на пример, во 2014 година, Претседателот на Франција му го додели Витешкиот Орден за уметност и литература, а беше рангиран и на 29-то место меѓу првите 50 филмски продуценти на сите времиња на почитуваниот магазин The Daily Beast истата година.

На почеток