Во кривичниот суд утрово беше одложено судењето за убиениот Пино Секондо. Причина за одлагањето е тоа адвокатот на обвинетата Ангела Ѓорѓиевска побара време за увид во доказите.
Адвокатот Еленко Миланов рече дека поканата за судењето ја добил пред 4 дена и немал време да ја спреми одбраната.
На ова реагираше Обвинителот кој го застапува предметот, Лидија Раичевиќ, и рече дека секое одложување е на штета на обвинетата.
Инаку дваесет и двегодишната скопјанка Ѓорѓиевска е обвинета како соучесник во убиството на тогаш 26-годишниот Секондо, настан кој се случи на 11 декември лани. Таа ќе седне на обвинителна клупа, а во судница во Кривичниот суд ќе се соочи со обвинителката во овој предметот Лидија Раичевиќ.
Безмалку една година по убиството, на 5 овој месец, најблиските и пријателите за последен пат се простија од Пино Секондо на Реквиемска Миса во неговата татковина Италија.
Пинета (Пино) Секондо беше исчезнат од 11.12.2018 година, а исчезнувачењето во полиција беше пријавено од мајка му Маја. После повеќе од пет месеци истрага, на 29 април годинава, од страна на непознат граѓанин во полиција беше пријавено дека на место викано Башинец во атарот на скопското село Љуботен е пронајден човечки скелет покриен со камења.
На 31 мај годинава, пак, МВР до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Ф.А. (27) и А.Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „убиство“.
Судењето ќе продолжи на 27 ноември.
фото: Архива
