Македонија

Турски државјанин сакал да премине на „Деве Баир“ со фалсификувана зелен картон

На 14.11.2019 во 13.30 часот на Граничен премин „Деве Баир“ од слобода бил лишен О.Б.(49) од Р.Турција, затоа што при контрола било констатирано дека зелената карта за  товарно моторно возило „даф“, со турски национални ознаки, кое го управувал, била фалсификувана. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Палнка за понатамошна постапка.

На почеток