Македонија

И Бучковски се спаси – застаре делото за „Тенковски делови“

Застаре и делото на поранешниот премиер и министер за одбрана, Владо Бучковски за “Тенковски делови“.

– На денешното рочиште за „Тенковски делови“, јавниот обвинител во завршен збор изврши прецизирање на обвинителен акт, по што настапи застареност на кривичното гонење. Одбраната сепак побара да даде завршен збор на следното рочиште кое се закажа за ден 22.11.2019 година во 13:30 часот, објави Коалицијата за правично судење.

Предметот почна во 2007 година, а ова беше трето судење.

фото: Архива

На почеток