Македонија

(ВИДЕО) 360 степени: Ивановска – Останува на премиерот, а поведе или да не поведе иницијатива за разрешување на Анѓушев

Немаше основи за продолжување на постапката за предметите против вицепремиерот Кочо Анѓушев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за постапките за добивање концесии за изградба на мали хидроцентрали, рече во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, претседателката на Антикорупцискта комисија, Билјана Ивановска.

Таа го објасни целиот случај, демантирајќи го Анѓушев кој кажа дека има поднесено изјава со која се изема од постапување и одлучување.

„На почеток, во 2017 година во септември фирмата Брако поднесува барање до Стопанска комора за да поднесе барање до Министерството за економија, тоа да иницира донесување на одлука од страна на Владата за намалување на царината. Стопанската комора тоа го проследува до Министерството за економија и кругот си оди како што треба. Во тој случај Анѓушев си поднесува изјава во којашто има наведено дека ја доставил до Министерството за економија и до Владата. Таа изјава нема приемен штембил од страна на Министерството за економија, ниту од страна на Владата, но се однесува на тој предмет, бидејќи е напишано архивско бројче на тој предмет. Предлог-одлуката од Министерството за економија оди на седница на Влада, меѓутоа се одложува оваа точка и тука приказната завршува на 26 септември 2017“, рече Ивановска.

„Одено е чекор по чекор, од конкурсот до пријавувањето до конкурирање на нивните фирми…целокупната постапка е максимално добро запазена, ние не можеме да измислиме нешто, оти и нашата работа е под лупа на јавноста. Точно по ред утврдивме од кога до кога бил конкурсот кога тој (Мицкоски н.з.) станал советник, кога бил директор во ЕЛЕМ и тн. Мошне прецизно и утврдивме дека нема прекршување“, рече Ивановска.

 

На почеток