Свет

Шведска се откажа од истрагата за силување против Асанж

Шведските обвинители се откажаа од истрагата за Џулијан Асанж, кој беше обвинет за силување во 2010 година. Тој бил пријавен од жена која тврди дека ја силувал за време на посетата на Шведска таа година, јави Би-Би-Си.

“Свикав прес конференција за да соопштам дека истрагата за Џулијан Асанж е прекината”, рекла обвинителката Ева Мари Персон.

Асанж е обвинет за сексуално вознемирување и силување во Шведска во 2010-та година, поради што од јуни 2012-та година се криел во еквадорската амбасада во Лондон поради страв од екстрадиција во скандинавската држава.

На почеток