12 проценти од граѓаните во земјава немаат доволно средства за храна, а само еден процент од вкупното население може да си дозволи да си купи стан или викендичка.
Ова се резултатите од истражувањето за финансиска писменост кое е спроведено од Истражувачкиоит институт – Тим институт, а денеска беа претставени од Асоцијацијата на финансиски друштва, која е барател на истражувањето.
Филип Димитровски, претседател на Асоцијацијата, вели дека иако голем дел од населението немаат средства, истражувањето покажува дека мал дел од нив ги користат расположливите финансиски услуги, но во исто време и не располагаат со информации за можнсотите што им се нудат.
Димитровски посочи на растот на финансиските друштва, кои пак учествуваат само со 0,44 отсто од финансискиот сектор. Две третини од оние кои зеле кредит од финансиско друшто се изјасниле дека доколку тие не постоеле ќе позајмеле од роднини или пријатели.
