Македонија

За 2,5 денари заостанат долг кичевчанка треба да плати 600.000 денари

За 2,5 денари заостанат долг од пред 12 години, кичевчанката Злата Штерјоска треба да плати 600.000 денари.

Ова е само еден пример што ја зовре атмосферата во однос на присилната наплата на стари долгови со што се соочија граѓаните, особено сега пред крајот на годината кога извршителите ги расчистуваат сметките, објави Слободен печат.

Здружението „Стоп за извршителите“ веќе организира два масовни протести, но најави дека ќе протестира секој вторник доколку не се усвојат нивните барања – бришење на каматите за старите долгови кај јавните претпријатија и акционерски друштва што се претежно во државна сопственост, ограничување на износот на банкарските камати и ограничување на застареноста на долгот, односно бришење стари долгови, објави Слободен печат.

Текстот во целост на: Слободен печат

На почеток