Свет

(ФОТО) Детали за пукањето во училиштето во Србија – наставникот спречил трагедија

Во Економското-угостителско училиште „Вук Караџиќ“ во Велика Плана денеска се одиграла вистинска драма. 46-годишниот Горан Т. упаднал во училиштето и испукал два куршуми од автоматска пушка во таван. Тој после тоа бил уапсен.

Ученичка раскажува дека човекот влегол закопчан, под јакната имал панцир, со оружје, со автоматска пушка, бомби…

„Тој влезе во училницата на трето три каде рече дека се ќе биде во ред ако му го дадат бројот на државната безбедност“, раскажува за медиумите 17-годишната ученичка Т.Ж.

Таа за Спутњник рекла дека во моментот на упадот во училиштето имало деца, кои веднаш го повикале класниот раководител.

„Професорот им рече на децата да излезат од училницата и го искористи моментот на невнимание на напаѓачот кој покрај пушката имаше и експлозив. Во еден момент професорот го зграби оружјето во неговите раце и го потпре на таблата. Тогаш човекот запука и во тој момент го повреди професорот“, рекла ученичката.

Како што изјавила, на професорот му е повредена раката, но не е во животна опасност.

„Ние навистина не слушнавме никакво пукање, а дека нешто се случува сфативме кога детето на колешката ѝ испрати порака дека некој човек влегол во училиштето и почнал да пука со калашникот. Знаев дека веднаш ги евакуирале децата што потврдило и детето кое рекло дека сите се надвор без јакни“ – раскажала некоја жена која работела во аптеката која била во близина на настанот.

Инаку во средното училиште влегол  Горан Т. (46), наводно психички болен. Тој влетал вооружен во средното училиште и почнал да пука. За среќа никој не бил повреден, а го совладал наставникот по физичко образование од училиштето, Славољуб Стојадиновиќ. Професорот раскажал дека ги слушнал децата како вриштат.

Кај споменатиот напаѓач пронајдени биле и рачна бомба, пиштол, експлозив. Првите информации, како што пренеле медиумите, укажуваат на прихички пореметена личност која сака да предизвика таква ситуација за да се обрати министерот за внатрешни работи или пак претседателот на државата.

фото: курир.рс

На почеток