Во гаража e претепан Илија Тозија, поранешен управител во фирмите поврзани со Сашо Мијалков. Ноќеска во гаража во Скопје го нападнале три непознати лица.
Утринава во околу 02:30 часот во МВР пријавил дека бил нападнат од три лица во неговата гаража. Напаѓачите носеле маски и со тврди предмети го удирале Тозија по телото, објави А1он.
„На 22.11.2019 во 02.30 часот во СВР Скопје, И.Т.(31) од Скопје пријавил дека околу 00.00 часот во гаража од зграда на ул.„50-та дивизија“, со употреба на тврд предмет, бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Тозија е поранешен управител на фирмите кои се во релација со некогашниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков.
Тој е во блиски односи и со синот на Мијалков, Јордан, но и со Александар Јовановски-Жути. Неговата фирма беше дел од аферата со тендерот за реагенси „тежок“ 35 милиони евра.