Магазин

5 – годишната Лили за секоја хемотерапија се облекува како Дизни принцезите

Малата Лили сето тоа го поднесува како вистински јунак и за секоја хемотерапија се облекува како принцезите на Дизни. Па така, веќе беше Бела, Ариел и Пепелашка, а персоналот во болницата започнал да ù се обраќа со „ваше височество“.

Многумина облекувањето го зимаат здраво за готово, но на некои луѓе изборот на облека може да им пружи подобро чувство. Совршен пример за тоа Лили Дуранте, 5-годишно девојче боледува од глиома на оптичката патека, бавно растечки тумор на мозокот кој влијае на оптичките нерви, објави BoredPanda, а пренесе Хаштаг.мк.

Пред отприлика една година Лили се разбудила и повеќе не гледала како порано. Дијагностициран и е страбизам, познат како разрокост, аномалија на положбата на очите, при што двете очи не и се насочени на иста точка. Едното око гледа право, додека другото бега на страна.

Откако лекарите откриле дека има глиома на оптичката патека која доколку не се лечи, може да доведе до губиток на видот, па на девојчето му препишале хемотерапија.

Малата Лили сето тоа го поднесува како вистински јунак и за секоја хемотерапија се облекува како принцезите на Дизни. Па така, веќе беше Бела, Ариел и Пепелашка, а персоналот во болницата започнал да ù се обраќа со „ваше височество“.

Мајката на Лили, Кортни Дуранте на Фејсбук ги објавила фотографиите од хемотерапиите.

извор и фото: Хаштаг.мк

 

На почеток