Македонската претставничка Мила Москов имаше забележителен настап на 17-тата по ред „Детска евровизија“, изведувајќи ја песната „Fire“ во арената „Гливице“ во Полска. Четиринаесетгодишната Мила, која настапи четврта, беше сама на сцената. Песната е дело на братското дуо Магдалена Цветковска – Ена и Лазар Цветковски.
Ефектите на сцената дадоа дополнителен опис на содржината на песната. Нашата Мила го освои 6 тото место на Јуниорската Евровизија, а победи домакинот Полска.
Послушајте како звучеше Мила.