Македонија

ИВЗ најави свечно отворање на Али пашината џамија во четврток

Али пашината џамија во Охрид ќе се отвори во четврток на 28 ноември, најавија од Исламската верска заедница на официјалната фејзбук страна.

– Џамијата датира од 15-16 век и се наоѓа во старата чаршија на градот Охрид на патот што води кон езерото во близина на познатиот чинар стои во соопштението во кое се повикуваат верниците да бидат дел од манифестацијата.

Нема детали за свеченоста, но јавноста се прашува дали на отворањето ќе присуствува турскиот претседател, затоа што турската амбасадорка Тулин Еркал Кара која беше во посета на верскиот објект летото кажа дека обновувањето на џамијата било сон на претседателот Ердоган.

Реконструкцијата на Али пашината џамија ја разбранува целата македонска јавност и беше проследена со серија обвинувања дека се гради надвор од проектот за реставрација.Најгласни беа од здружението на граѓани „Совест“ . Тие  алармираа дека џамијата се гради противзаконски и без соодветна дозвола и документација.

фото: Архива

На почеток