Свет

(ВИДЕО) Силен земјотрес во Албанија, тројца загинати, се стравува дека бројката ќе расте

Серијата земјотреси во Албанија, од кои два посилни предизвика човечки жртви. Албанските медиуми неофицијално јавуваат дека досега се регистрирани тројца загинати. Се стравува е дека таа бројка ќе расте, особено по информацијата за урната зграда во близината на Драч, а во урнатините се заробени неколку лица.

Земјотрес со сила од 6,4 степени ја погоди Албанија пред четири часот по локално време. Земјотресот бил регистриран 10 километри северозападно од Шијак на длабочина од 10 километри. Ова е втор силен земјотрес за два месеца што ги принуди граѓаните на Тирана и други места да ги напуштат домовите. Земјотрес со сила од 5,6 степени ја погоди Албанија на 21 септември при што беа оштетени 500 куќи. Тоа, според албанските власти, бил најсилниот земјотрес во изминативе 30 години.

Илјадници повредени и големи материјални штети се регистрирани по земјотресот во Драч. Земјотресот траеше околу половина минута и беше силно почувствуван и од граѓаните на Македонија, Бугарија, Србија. Црна Гора, како и во делови од Босна и Херцеговина, Италија, Хрватска и Грција. Првите информации кои пристигнуваат јавуваат за жртви, разурнати згради и огромни штети.

 

 

 

На почеток