Македонија

МКД: Долг е списокот на хонорарци од платниот список на Јанева, полицајци, новинари, ќерки …

Освен обвинителите и вработените во Специјалното јавно обвинителство, на списокот хонорарни соработници се и голем број на државни службеници, нивни синови и ќерки, полицајци, новинари, експерти…  Еден од поголемите хонорари во период од последните четири години примил командантот на „Алфите“ Примислав Димовски – околу 40 илјади евра. На платниот список на СЈО бил и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски кој за три години . Во период од 3 години на неговата сметка на име хонорар од СЈО легнале околу 33.000 евра, објави МКД.МК.

Од државните службеници интересно е и името на Арафат Муареми, директорот на Управата за финансиска полција. За две години тој од СЈО добил нешто повеќе од 26.000 евра.

Три ќерки на државни службеници биле на хонорарната листа на СЈО. Берниса Рахиќ, ќерка на Есад Рахиќ (директор на затворот во Шутка) добила 20 илјади евра. Марија Василевска, ќерка на поранешниот директор на МЕПСО Сашо Василевски, за две години од СЈО добила хонорар од 14.000 евра. И Катерина Тунџева, ќерката на директорот на Катастар Борис Тунџев.

На списокот е и ќерката на обвинителката во СЈО Елизабета Јосифоска. На сметката на Елена Јосифоска легнале 30.000 евра, пишува МКД.МК.

Новинарот Сашо Ордановски лани од СЈО добил 255.000 денари.

Сите овие податоци се достапни на платформата „Отворени финансии“ на Министерството за финансии. Засега нема информации за основата на овие исплати.

Текстот во целост на: МКД.МК

На почеток