Актуелно

(ВИДЕО) Што да направите за време на земјотрес! „Триаголник на животот“ , но што е тоа и како да го направите?

Се сеќавате ли на советите за време на земјотрес дека треба да се скриете под стол или под рамка од врата. Но, овој совет заботавете го!!!

Со оглед на тоа дека за кратко време во регионов имавме неколку силни земјотреси  ви пренесуваме неколку совети што треба да направите за време на земјотрес.

Док Копа, директор на Американскиот интернационален тим за спасување објаснува што треба да се направи за време на земјотрес.

Автор на овој текст е искусен член на спасителен тим кој ги пронаоѓа затрупаните под рушевините.

Еве ја приказната на Док Копа:

Се викам Док Копа и сум директор на Американскиот интернационален тим за спасување  (ARTI). Сум влегол во 875 рушени згради, сум работел со тимови од 60 држави, основав спасителни тимови во неколку земји. Во обединетите нации бев стручњак за прижање помош две години и работев на помагање во сите поголеми светски несреќи од 1985. Год.

Кога зградата се руши, тежината паѓа на објектите или на намештајот со што ги дроби или уништува, но просторот веднаш до нив останува празен, НЕ ПОД НИВ.

Токму овој простор јас го викам „Триаголник на животот“ . Колку објектот е поголем и поцврст помалку ќе се нагмечи, со што овој простор ќе остане поголем, со што веројатноста дека лицето кое се скрило тука веројатноста да остане живо и без повреди е многу поголема.

Совети за сигурност за време на земјотрес

Скоро сите кои ќе се скријат под маса или слично, остануваат заробени. Животните и малите деца инстиктивно завземаат фатусна положба, а тоа треба да го направат и воздрасните.

Легните покрај некој објект, креветм автомобил или било што но објектот да биде повисок.

Дрвените згради се најсигурни за време на земјотрес, затоа што дрвото е флексибилно и побавно се поместува. Исто така дрвото има многу помала маса од бетонот или циглите кои се кршат на ситни делови и предизвикуваат многу повреди.

Ако сте во кревет за време на земјотрес, само слезите од него и легните на подот покрај креветот, но никако под него.

Доколку земјотресот се случи кога не можете да излезите, легните на под во положба на фетус покрај некој голем дел или дел од намештај.

Искуството покажува дека скоро сите кои се скриле под врата – загинале.

Никогаш немој да одите под скали, затоа што имаат разна „фрекфенција“ , се нишаат одвоено од зградата.

Луѓето кои се во автомобил обично се или згмечени или заробени. Затоа доколку сте во автомобил само излезете и легните во фетус положба до автомобилот.

Природните катастрофи се случуваат во целиот свет – затоа бидете секогаш подготвени.

На почеток