Актуелно

ВИДЕО: За време на протестите во Ирак убиени осум луѓе

Најмалку осум луѓе се убиени денеска на протестот во Насирија, на југот на Ирак, каде безбедносните сили отвориле оган за да ги растераат собраните демонстранти. Повикувајќи се на болнички извори „Ројтерс“ објави дека се ранети 22 лица. Инцидентот се случил неколку часа пред зори.

Во градот Наџаф демонстрантите го запалиле иранскиот конзулат, а бил убиен еден демонстрант.

„Во светиот шиитски град Наџаф е убиен еден демонстрант, а најмалку 35 се повредени кога безбедносните сили употребиле боева муниција за да ги спречат демонстрантите да влезат во иранскиот конзулат“, соопштиле од полицијата.

Демонстрантите го извадиле иранското знаме од зградата и го замениле со ирачко.

Вработените во конзулатот не се повредени и успеале да избегаат од зградата.

На почеток