Во Скопје се одржa протестен Марш за чист воздух, преку кој граѓаните побараа ефикасност од надлежните институции во борбата со загадувањето на воздухот.
На мршот можеше да се забележи присуството на голем број млади луѓе кои го предводеа протестот од Министерството за животна средина до Владата.
https://www.facebook.com/100000991632311/posts/2901594349883591?d=n&sfns=mo
„Светот денеска излезе на улица против климатските промени, а ние за чист воздух и почва. Тоа докажува колку сме ние поназад од таму каде што сакаме да бидеме, во ЕУ“, истакнаа од скопскиот органок на глобалното движење против климатските промени Fridays for Future (Петоци за Иднината).
Организатори на протестот беа граѓански активисти од Скопје, Битола, Тетово, Гостивар, Струмица, Ново Село, Струга, Охрид и други градови и населени места.
Како што изјавија на почетокот на маршот, имаат 250 барања во однос на екологијата до сите надлежни институции со конкретни рокови.
Како дел од 12. жешки еколошки точки, организаторите на протестот особено го потенцираа проблемот со хемискиот отпад во фабриката Охис.