Македонија

ТОП ТРИ: Името не го даваа – но им го земаа, ама илјадници евра патни трошоци задржаа

За три мандати седење во пратеничките клупи, односно вкупно 9 години, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Цуклев, од Собранието добил над 153 илјади евра по разни конта, но најголем дел за „патување во земјата – патни расхиди“. Овој податок го покажува дата базата на Министерството за финансии. Цуклев е по потекло од Гевгелија, па за секојдневно патување од Скопје до неговото место на живеење добивал соодветен надомест. Цуклев е на прво место по трансфери за периодот од 2010 година па до сега.

По него, на листата е пратеничката Лилјана Затуровска која земала скоро исто средства колку него, односно над 153 илјади евра. Таа парите ги земала за да патува од нејзиниот дом во Битола до своето работно место во Скопје.

На трето место по трансфери извшени од собраниската сметка е уште една експратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, со земени вкупно 128 илјади евра. Таа беше пратеник во Собранието цели два мандати, односно до 2014 година. Но, 128 илјади евра ги земала за само четири години како пратеник во Собранието.

Пресметките за патните трошоци се автоматски и се прават според цената на горивото, километрите и оддалеченоста на местото на живеење и нив ги прави автоматска програма во законодавниот дом.

Во изминатите години имаше жестоки реакции дека пратениците кои потекнуваат од подалечните места од Скопје во 2017 и 2018 година зеле високи патни трошоци поради проблематичната методологија на пресметка.

Патни трошоци е една од ретките теми која ги обединува сите пратеници. Кога ќе се споменат овие трансфери на пари, власта и опозицијата се секогаш заедно, односно делат исти ставови и се штитат меѓусебно.

 

 

153 илјади евра

 

2014

На почеток