Од попладнево првиот снег паѓа и на стража, а донесе проблеми за возалите. Според оние кои патуваат на патниот правец Гостивар-Кичево, на повисоките предели има поголеми количини на снег, но никој не го чисти патот. Токму снегот направи проблеми и во сообраќајот.
Во пределот на Стража се заглавени неколку товарни возило, бидејќи патот е подмрзнат од ниските температури. На терен засега нема ниту полиција за регулација на сообраќајот, откако камионите заглавија на тесниот пат.