Македонија

Русковска: Се познавам со мајката на Боки 13, а со него сум седела во ресторан само еднаш

Обвинителката Вилма Русковска по судењето за случајот „Рекет“ рече дека очекувала признание на вина уште на првото рочиште, но не само од Зоран Милевски туку и од другите обвинети.

„Имаше еден филм „Чарлевите ангели“ и една госпоѓа Катица Јанева која влезе во тој филм дека никој ништи не и може. Обвинителството ќе докаже дека тоа го сторила од алчност и ќе понуди несогорливи докази. Таа ја предаде довербата на народот. Јас сум го гледала филмот „Чарлевите ангели“, но не сум ја гледала македонската верзија која тие си ја снимија за себе“, истакна Русковска.

Русковска кажа дека се познава со мајката на Боки 13, но не со него.

„Јас се знам со него од гостувањето во неговата телевизија. Сум седела во ресторан, само кога беше прославата на телевизијата и никогаш повеќе“, рече Рурсковска.

Обвинителката вели дека ќе биде добро доколку камерите од куќата на родителите од Боки 13 покажат каде завршиле парите.

„Мислам дека Катица Јанева не е во ситуација да каже кој да се плаши – кој не“, заклучи Русковска.

На почеток