Македонија

Боки 13: Ќе сведочам за сите инволвирани, ќе сведочам за организаторот и сите помагачи – ќе докажам дека сум невин

Бојан Јовановски, во својот воведен говор како обвинет за случајот „Рекет“ рече дека и покрај лошата здравствена состојба ќе се се обрател пред судот, бидејќи живеел за овој ден, да ја докаже својата невиност.

Оваа обвинителката има гостувано во мојата телевизија и колку што сум седел во ресторан со третообвинетата, толку сум седел и со надлежната сега обвинителка. Разлика нема, изјави Боки 13.
Ги повикувам, порача Боки 13, меѓународната јавност и амбасадите на САД и Франција да го следат овој процес.

– Ќе сведочам за сите инволвирани во овој настан, ќе сведочам за организаторот и сите помагачи, а преку мојот бранител ќе бидат поднесени соодветни пријави, рече Боки 13.

Претходно адвокатот на Боки 13, Сашо Дуковски, рече дека не е доволно да се каже дека имало наводно влијание, туку треба и да се прашаме како е можно еден самонаречен естраден уметник да изврши влијание на главниот јавен обвинител.

На почеток